Во коријата над селото Кожеле – скопско, во исклучително непристапен терен, припадници на специјалните полициски сили, единици за брзо распоредување и јавното обвинителство денеска вршеа увид местото каде урна се урна приватниот авион од типот „ПАЈПЕР ПА 34“ со германски регистарски ознаки и загинаа сите пет патници и пилотот. Авионот полетал од Тревизо Италија, летал над јадранското крајбрежје, а крајната дестинација му била Приштина, каде требале да учествуваат на аеро- митинг. Авионот го управувал претседателот на клубот Франческо Монтањер, а со него биле и Дарио Бастасин, италијанката Илариа Берти, косовецот со двојно државјанство Висар Бегај и уште еден италијанец, пишува Дневник.
Медиумите пренесуваа дека во авионот биле 4 италијански и двајца државјани на Косово, но точната информација е дека сите патници и пилотот се Италијани, само еден од патниците има двојно државјанство, косовско и италијанско. Забуната ја направила листата на летање каде во авионот биле пријавени двајца браќа од Косово, но како дознаваме, неофицијално едниот брат во последен момент се прекачил во друг авион кој слетал во Загреб, а требало да пристигне во Приштина на истиот аеро- митинг, пренесесува Дневник.
Сите погинати ќе бидат погребани во Италија, а едниот патник со двојно државјанство ќе биде погребан на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.