| четврток, 6 декември 2018 |

Злосторство од љубомора: Пукал во поранешната девојка, таа преживеала, тој се самоубил

ambulanta-srbija

Вчера околу 19:30 часот во Белград сe случил немил настан. Како што јавија српските медиуми, Синиша Ѓуриќ (45) пукал во својата поранешна девојка Јелена Д. и потоа извршил самоубиство. Соседите на парот велат дека неодамна Синиша и Јелена раскинале.

Два куршума ја погодиле девојката, но за среќа куршумите не ги погодиле виталните органи, па таа се здобила само со тешки повреди.

– Тие раскинаа пред три месеци, а потоа таа нашла ново момче. Љубомората го наведе да ја сретне на улица и да ја нападне, раскажува еден од соседите на жената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top