Ова се жртвите од последниот лет на патничкиот авион Пајпер што се урна вчера во блзиина на Катланово. Четворица од патниците биле италијански државјани – мегу нив и пилотот Франческо Монтањер, кој бил претседател на аматерскиот спортски аеро клуб Тревизо – објавија италијанските медиуми. 59-годишниот Монтањер важел за искусен пилот кој заедно со потпретеседателот на клубот 62-годишниот Дарио Бастасијан, кој исто така почина во авионската несреќа, имале стотици часови лет.
Тие патувале кон Приштина каде што требало да учествуваат на отворање на аероклубот на Висар Дегај – бизнисмен од Косово кој исто така бил во авионот.
Според италијанските медиуми жртви во авионската несрека се и 55-годшиниот Лука Дале Муле, Ангело Калегари, брокер по професија и 43-годишната Иларија Бертио.
Урнатиот авион бил регистриран во Германија, а пилотите ги има сите потребни дозволи за летање. Од Тревизо полетале во 14 часот, а на аеродромот „Алекснадар Велики“ требало да слетаат за да наполнат гориво.
Последниот контакт со контролорите во Скопје го имале во 17 часот и 40 минути, кога според итслијанските медиуми го започнале маневрот за слетување, постапка која вообиачено би требало да трае дест минути.
Според италијанските медиуми, авионот паднал на земја, по што експлодирал и патниците и екипажот загинуваат на лице место.
Тие неведуваат дека временските прилики биле лоши но оставаат истрагата да покаже дали влијаеле врз падот на авионот со оглед на фактот што пилотот многупати претходно имал искуство со летање при невреме. Италијанските медиуми потсетуваат дека вториот пилот Бастасиан пред десет години имал помала несреќа при следтување во Тревизо, кога имал проблем со тркалата на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска