| четврток, 6 декември 2018 |

Зјапањето во екран може да биде многу корисно

Опсесијата на модерниот човек од интернетот и уредите кои го доведуваат до истиот, може да се чини се само нездрава. Меѓутоа, најновата студија покажува дека постојат и одредени поволности за здравјето од новите технологии.

Иако постојаното гледање во екран се смета за нездрав начин на однесување во денешните општества, студијата направена на неколку универзитети покажува дека одредени апликации кои ги користат луѓето, всушност можат да им помогнат во подобрување на својата здравствена состојба.

Научниците прегледале над 200 студии кои користеле мобилни телефони или интернет технологии да помогнат на луѓето да го подобрат начинот на исхраната и физичката активност, како и да се борат против дебелината и против пушењето и алкохолот. Тие откриле дека 75 отсто студии покажале подобрување во овие области кога ја користеле модерната технологија.

Резултатите беа доследни и по поволни од очекувањата, рече еден од авторите на студијата, Дариуш Мозафариан.

„Мислам дека е многу тешко да се промени однесувањето на луѓето, а фактот дека наскоро сите од овие студии користеа нови технологии да го подобрат однесувањето на луѓето е изненадувачки” – рече тој.

Авторите наведоа дека околу 60 отсто случаи кои имале за цел да ја намалат тежината успеале во својата намера, а апликациите за поттик на физичка активност тоа го направиле во 5 од 6 прегледани студии.

Мозафариан овој успех го припишува на тоа што постоечките апликации ги користат основните принципи за промени на човечкото однесување, кои вклучуваат надзор над самите себе, следење на промените кои се случуваат, добивање на повратни информации и работа со други лица и групи за поддршка. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top