| четврток, 6 декември 2018 |

Поради страв од лекари носела тумор тежок 31 килограм

Педесет и двегодишната Стоја Поповиќ, на која неодамна и беше отстранет тумор тежок 31 килограм во болницата во Бања Лука, Република Српска, веќе е дома во своето село  каде што заздравува од операцијата.

– Се чувстувам добро, не ме болат раните, но мора да мирувам и да не се напрегам – изјавила Стоја.

Таа признава дека пред операцијата била преплашена. Стравот од лекарите е всушност главната причина поради која со години не сакала да ги послуша советите од семејството и да оди на лекар, откако почнал да и расте стомакот.

160907013.2_mn

– Ми беше страв. Не можам да кажам зошто, но не се чувстував пријатно кога размислував за тоа – изјави Стоја.

Семејството раскажува дека неколку години се обидувале да ја наговорат да оди на преглед, но нејзиниот страв бил посилен.

– Не сакавме да вршиме притисок врз неа. Но, на крај се случи да се повреди додека работеше, па мораше да оди во Ургентен центар. Но, таму веднаш откако ја виделе, ја препратиле на Клиниката за хирургија и набрзо беше договорена операција – објаснуваат роднините.

Стомакот почнал да и расте пред неколку години, но таа на почетокот мислела дека само се здебелила. И кога станало очигледно дека не е во прашање само тежина, никогаш не се жалела на тегоби и болки и продолжила да живее и да работи како и порано.

Лекарите во Бања Лука кои го оперирале големиот тумор на јајниците велат дека во кариерата не се сретнале со сличен случај. Операцијата траела четири часа, а во тимот учестувале дури 11 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top