| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица италијански и двајца косовски државјани биле во паднатиот авион

Aвионот што попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром бил пронајден на два километри над селото Кожле, Катлановско. Се пренесува Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков дека остатоци од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле и дека полиција веќе го обезбедува местото на несреќата. Јавното обвинителство презема дејствија за расветлување на авионската несреќа која попладнево се случи во близина на Скопје, соопштија доцна вечерва од Основното јавно обвинителство на РМ.

Според последните информации, во несреќата загинале четири италијански и двајца косовски државјани. Авионот бил пријавен на аеродромот само за дополнување на гориво, меѓутоа како што информираа од полицијата околу 17 часот и 40 минути неговиот сигнал бил изгубен од радарот на 10 километри од пистата, во близина на Катланово.

Полицијата не пушта никого да се приближи до местото на урнатиот авион, од каде што во далечина се забележувал пожар. Неофицијално во близина на местото на падот на авионот е најдено едно изгорено тело, според неофицијални полициски извори.

Во 17.40 часот денеска попладне авион „пајпер“ 4 минути пред слетувањето бил изгубен од радарот на контролата на летање на скопскиот аеродром. Авионот со германски регистрации полетал од италијанскиот град Тревизо, а во Скопје бил пријавен за дополна на резервоарот со гориво.

Падот во велешката полиција го пријавиле мештаните од селото Кожле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top