Македонскиот пливач Томи Стефановски е светски шампион за 2016 година кога се во прашање маратонски трки на отворени води, што се одржуваат во организација на Светската пливачка федерација.
Третото место на маратонот Сен Жан во Канада, победата на Охридскиот маратон и седмото место на пливачката патека од Карпи до Неапол, му ја обезбедија титулата во генералниот пласман, но истата ќе ја дели со Италијанецот Едуардо Стокино, кој има идентичен број на бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.