| четврток, 6 декември 2018 |

Две деца повредени во сообраќајни незгоди

Две момчиња на десет, односно, дванаесетгодишна возраст, се повредени вчера во две одделни сообраќајни незгоди.

Првата се случила во 12.30 часот во Тетово  на крстосницата од ул.„Р.Цониќ“ и ул.„Његошева“ кога автомобил „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.Н. (47) од Тетово се судрил со велосипед „макс“ кој го управувал дванаесетгодишник од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и во Клиничкиот центар-Тетово му била укажана лекарска помош по што бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Втората сообраќајка се случила околу 12.50 часот во Виница на крстосницата од бул.„Маршал Тито“, ул.„С.Стојменски“ и ул.„Љ.Сантов“, кога Д.М. (31) од Виница,  управувајќи возило „рено меган“ со винички регистарски ознаки, удрил во десетгодишно дете од Виница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето на кое во Здравствениот дом во Кочани му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.

Увид извршила екипа од ПС Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top