| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски грабеж во Скопје: Го претепале, го врзале, па го оставиле

Вчера околу 16.00 часот во Скопје, во кругот на ЖАС, три непознати машки лица извршиле разбојништво над Е.М. (29) од Скопје, при што му биле одземени 800.000 денари.

Имено, Е.М. со возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма „Јадран“, дошол да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат. Откако ја отворил вратата од хангарот, непознато машко лице го удрило со пиштол по грб и го внело внатре во хангарот каде влегле уште две лица.

Трите лица го удирале по телото  и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари. Потоа му ги врзале рацете и нозете со лисици,  го оставиле внатре во автобусот, и го напуштиле местото со возилото на Е.М.

Подоцна возилото било пронајдено на бул.„Никола Карев“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top