Аквапаркот, кој работи во рамките на СЦ „Борис Трајковски“, вчера ја заокружи четвртата сезона по ред и, како што оценија од Спортскиот центар, се вброила во една од поуспешните.
Оваа сезона аквапаркот го посетиле над 34.000 посетители. Сезоната официјално стартуваше со работа на 11 јуни, а во текот на целото лето посетителите се забавуваа на десетте тобогани, „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река и слични модерни содржини.
За безбедноста на посетителите се грижеле 36 лиценцирани спасувачи од Црвен Крст на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.