Со голема After School Party и многу посетители, денеска се отвори новата летна сезона во скопскиот аквапарк.
Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, најави сезона за паметење.
– Ова ќе биде сезона во која на аквапаркот ќе уживаат и големите и малите. Одлични услови, најмодерни тобогани со разни ефекти, базен со бранови, мрзлива река, бумеранг, спејс бал и многу изненадувања за сите посетители. Сите правци ова лето ќе водат кон паркот кој предизвикува воздишки и најдобро разладување во градот и пошироко. Аквапаркот може да го прогласиме за отворен и драго ми е што денес имаме голема посетеност, навистина ѕвонеше за After School Party, затоа што дефинитивно забавата е овде – изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“
Билет за аквапаркот ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%.
Аквапаркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.
Во рамки на аквапаркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.