| четврток, 6 декември 2018 |

Овации за филмот на Мел Гибсон на филмскиот фестивал во Венеција

Драмата на Мел Гибсон “Hacksaw Ridge” доби десетминути овации на Филмскиот фестивал во Венеција што е вистинска реткост на фестивали од тој тип.

Филмот го отсликува вистинскиот живот на Дезмонд Т. Дос, пацифист кој и покрај тоа што не носи оружје, успева да спаси 75 војници во Битката на Окинава без ниту еден испукан куршум.

Ендрју Гарфилд кој ја толкува улогата на Дезмонд Дос, вели дека тој бил многу едноставен човек.

– Знаел во срцето дека на друг човек не смее да му се одземе животот – изјави Гарфилд.

Филмот претставува висок влог за Гибсон и режисерот во Венеција се потрудил да не предизвика какви било контраверзи. Затоа го избегнал одговорот на прашањето дали филм со протагонист кој мрази оружје е всушност одговор на дебата за контрола на оружјето во САД.

– Човек кој одбива да допре оружје и да направи нешто многу повеќе од убивање во војната има високи стандарди на живеење. Мора да го сакате овој војник и да му укажете чест во филмот. Се надевам дека филмот во тоа успеа – изјави Гибсон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top