| четврток, 6 декември 2018 |

Менгеле или инцест: Во Кандидо Годои се раѓаат само синооки и русокоси близнаци

Вишата раса луѓе, според перцепциите на нацистите се синооки и русокоси Германци, како што впрочем изгледаат сите жители во едно бразилско гратче. Она што е најчудно е што во тоа гратче е зебележана и највисоката стапка на близначки бремености во светот

Добредојдовте во Кандидо Годои, мало гратче во Бразил, во кое бројот на близнаци е речиси 1000 процентипоголем од просекот.

Тешко е да сеобјасни овој феномен, а новинарот и историчар Хорхе Камараса тврдел дека тоа е последица на експериментот што го спровел Хитлеровиот „ангел на смртта“ Јозеф Менгеле врз локалното население.

Kandido Godoi bliznaci Brazil (4)

Вистина е дека д-р Менгеле по Втората светска војна пребегал во Јужна Америка и дека најверојатно некое времеивеел во Кандидо Годои.

Меѓутоа, во гратчето и претходно живееле синооки и русокоси доселеници од Полска иГерманија, па нивниот ариевски изглед не може да им се припише на монструозните експерименти. Сепак, прашањето од каде толкав број близначки бремености во толку мала популација сѐ уште нема одговор.

-Мислам дека КандидоГодои било лабораторија на Менгеле и дека во тоа гратче конечно успеал да ги оствари свите соништа за создавање виша раса со сино очи и руса коса, велел своевремено Камараса, кој починал лани.

-Според некои сведочења тој ги следел бременостите на жените и и давал нови лекои и препарати, зборувал за вештачко оплодвање, и наводно експериментирал на крави така што да раѓаат само машки телиња близнаци.

Неговите шпекулации ги отфрла локалниот историчар Пауло Сотијер, кој вели дека во тоа време Менгеле не проучувал близнаки бременостиво Бразил. И не само тоа, туку, според мислењето на генетичарите, толкавиот процент близнаци може да биде последица на генетска изолираност и инцести.

Kandido Godoi bliznaci Brazil (1)

Исто така, податоците покажуваат дека во оваа област бројот на близначки бремености исто така бил голем и пред доажањето на ангелот на смртта во Јужна Америка.

Самите жители на селото имаат поделени мислења, но некои тврдат дека човек кој личи на Менгеле бил забележан во селото во шеесеттите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top