| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбашки напад во Котор, загинаа две лица

Две лица загинаа во силната експлоизија што денеска одекна во которската населба Муо, јавија црногорските медиуми.

Како што ренесува порталот „ЦДМ“, загинале двајца жители на Котор.

Експлозивната направа била фрлена околу 16 часот и 30 минути пред една куќа.

Полицијата ги блокирала сите улици во населбата, а во тек е потрага по осомничените, јави Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top