| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Петреска: Знам што ме чека со Софиа

Поп-пејачката Елена Петреска пред неколку дена на свет ја донесе малата Софиа, која е второ дете за неа и за сопругот Андреј.

– Да се биде мајка по вторпат значи огромна радост, но и мал страв. Сега сум во период кога и малку се плашам дали и како ќе се снајдам со две деца. Но, знам дека сè ова е природно за секоја мајка и се надевам дека сè ќе оди како што треба – вели Петреска за acibademsistinababy.mk.

Пејачката вели дека со првото синче Михаил доживеала поголем шок, бидејќи не знаела што ја очекува.

– Мислев дека децата легнуваат навечер и спијат цела ноќ. Не бев свесна дека треба цела вечер да станувам и да се грижам за малото бебе, на кое си му потребен постојано. Кога моите пријатели пред породувањето ми велеа наспиј се бидејќи нема спиење по породување, јас им се спротивставував и им велев дека кога можам по цела вечер да пеам и да не спијам, нема да ми е проблем да се грижам и за бебето. Но, не е исто, само што си заспал тоа почнува да плаче, па мораш да станеш да се погрижиш за него. Беше тежок период, но брзо помина и сега е навистина полесно. Сега со Софиа сум свесна што ме чека и сум подготвена – вели таа.

Повеќе тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top