Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ги повика светските сили да воспостават „безбедносна зона“ во Сирија, со цел да ги заштитат луѓето во реоните каде што нема борби и при тоа да помогнат во запирањето на бегалскиот бран. Говорејќи на состанокот на лидерите на Г-20 во Кина, Ердоган изјави дека повикал на воспоставување „зона на забранети летови“ во разговорите со лидерите на Русија и на САД.
Тој истакна дека турската офанзива во Сирија има за цел да ја елиминира Исламска држава од турската граница и да гарантира дека сириската курдска милиција Сили за заштита на народот нема да се распространи во таа зона.
За Турција, ИД, како и Силите за заштита на народот, се терористички организации. Претходно, Ердоган на маргините на Самитот на Г-20 се сретна со тројцата европски лидери, францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Матео Ренци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.