| четврток, 6 декември 2018 |

Андреас Шојер: Македонија е важен партнер за Баварија и за Германија

Македонија е важен партнер за Баварија и за Сојузна Република Германија. Разговаравме со делегацијата од Р. Македонија како да го интензивираме партнерството. Најпрво, со пријателите од Македонија би сакале да организираме економски Форум во Баварија и се надеваме дека и понатаму ќе соработуваме на полето на надворешната политика. Се соочуваме со големи предизвици и сакаме да ѝ дадеме перспектива на Македонија во иднина. Македонија спроведе неверојатно многу реформи и Баварија е стабилен партнер на Република Македонија – изјави Андреас Шојер, генералниот секретар на ЦСУ во германскиот Бундестаг.

Интензивирање на партнерството со Република Македонија, подобрување на економската соработка и соработката на полето на надворешната политика се целите на коишто ќе работат Германија и Македонија, најави генералниот секретар на баварската партија ЦСУ, сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Меркел, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Шојер, Македонија е дел од европското семејство, направила многу за време на бегалската криза и спровела многу од европските реформски зафати.

– Македонија има апсолутна перспектива во ЕУ. Баварија гледаше како Македонија се справи со мигрантската криза и затоа се чувствуваме и обврзани и почитуваме што политиката во Македонија спроведе суштински реформи во име на интеграциите на Европа. За мене, Македонија е дел од европското семејство. Баварија има интензивни контакти со Македонија кои ќе продолжиме да ги одржуваме и понатаму – изјави Шојер по средбата со делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top