| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај клучката „Илинден“ – едно лице се бори за живот

soobrakajka-motor

Скопјанец се бори за својот живот откако вчера попладне учествувал во сообраќајна незгода која се случила кај клучката „Илинден“. Вчера во 16.30 часот се случила сообраќајна незгода во која А.А. (63) од н. Илинден-Скопје, управувајќи мотоцикл „лифан“ со скопски регистарски ознаки, загубил контрола, удрил во метални браници и паднал на коловоз, информираат од полицијата.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде што му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top