| четврток, 6 декември 2018 |

Мето Јовановски во краткометражниот филм „Последните камбани“

Куриозитет е тоа што во филмот воопшто не постои говор, така што на мошне моќен начин се претставува осаменоста со која протагонистот секојдневно се соочува. Идејата која произлегува од филмот е уште една потврда дека нам луѓето не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да одржиме чекор со времето кое доаѓа. Сè друго би донело последици за чијшто епилог не би сакал да размислувам – вели Поповски.

Осаменоста и соочувањето со неа се тема на краткометражниот филм „Последните камбани“, кој се снимаше изминативе неколку денови во селата Љубојно и Брајчино во Македонија. Режијата и сценариото се на Николче Поповски, кој објаснува дека приказната е за осамен старец, чијшто лик го толкува Мето Јовановски, кој преку камбаната комуницира со својот пријател од соседното село.

Поповски додава дека ова говори за крајот на една стара и за односот на некоја нова генерација кон тоа што било некогаш.

unnamed (1)

– Куриозитет е тоа што во филмот воопшто не постои говор, така што на мошне моќен начин се претставува осаменоста со која протагонистот секојдневно се соочува. Идејата што произлегува од филмот е уште една потврда дека нам, на луѓето не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да одржиме чекор со времето што доаѓа. Сè друго би донело последици за чијшто епилог не би сакал да размислувам – вели Поповски.

Директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски, а филмот е во продукција на „ДНФ филмс“.

unnamed (2)

– Снимавме во прекрасните предели на Љубојно и на Брајчино. Така, убавините на овие села, како да играат дел од карактерите. Екипата е спој на искуството и ентузијазмот и се надевам дека ќе имаме прекрасен филм кој ќе допре до публиката – изјави продуцентот Кралевски.

Планот е да биде комплетиран во февруари, а публиката ќе има можност да го види на некој од претстојните фестивали.

„Последните камбани“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top