| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Ристоски, актер: „Злат­на пе­тор­ка“ е филм за љу­бов

Ри­сто­ски сту­ди­ра на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти во Бел­град и има уште два ис­пи­та до дип­ло­ми­ра­ње­то. Во сеп­тем­ври го че­ка­ат сни­ма­ње­то на фил­мот „Зо­на Зам­фи­ро­ва 2“, ка­де што го тол­ку­ва ли­кот на чи­ра­кот на Ма­не, и учес­тво­то на Филм­ски­от фе­сти­вал во Ве­не­ци­ја со ита­ли­јан­ски­от филм „Овие де­но­ви“. Ри­сто­ски е млад, шар­ман­тен актер пред ко­го е уба­ва ид­ни­на. Не­о­до­ли­во по­тсе­ту­ва на поз­на­ти­от пе­јач Го­ран Бре­го­виќ

Со фил­мот „Злат­на пе­тор­ка“ на ре­жи­се­рот Го­ран Трен­чов­ски, кој ќе би­де при­ка­жан над­вор од кон­ку­рен­ци­ја, ќе ви­де за­тво­рен Фе­сти­ва­лот за филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“ во Би­то­ла. „Злат­на пе­тор­ка“ е фик­ци­ја за ед­на на­сил­но пре­ки­на­та и за ед­на поч­на­та љу­бов, ме­ѓу кои леб­дат коп­не­жот и пре­дав­ство­то. Фил­мот „Злат­на пе­тор­ка“ е во про­дук­ци­ја на „Ре­во­лушн“ – Скоп­је, фи­нан­си­ран од Аген­ци­ја­та за филм на РМ, а ко­про­ду­цен­ти се Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја и „Арт-поп­корн“ од Бел­град. Сце­на­ри­о­то е ра­бо­те­но по мо­ти­ви на Бра­тис­лав Та­шков­ски, а не­го го пот­пи­шу­ва­ат Еле­о­но­ра Ве­ни­но­ва и кос­це­на­ри­сти­те Бил­ја­на Гар­ван­ли­е­ва и Го­ран Трен­чов­ски. Про­ду­цент е Де­јан Ми­ло­шев­ски, а ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја е Апо­стол Тр­пе­ски.

За мла­ди­от актер Але­ксан­дар Ри­сто­ски (21), кој ја тол­ку­ва уло­га­та на Ма­ки, еден од пет­те сту­ден­ти, ова е де­би­тант­ски игран филм чи­ја­што пре­ми­е­ра тој со не­тр­пе­ние ја оче­ку­ва. Раз­го­во­рот со Ри­сто­ски го во­дев­ме не­по­сред­но пред не­го­во­то за­ми­ну­ва­ње за Бел­град, ка­де што сту­ди­ра на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти во кла­са­та на про­фе­сор­ка­та Гор­да­на Ма­риќ. Му оста­ну­ва­ат уште два ис­пи­та до дип­ло­ми­ра­ње­то. Во сеп­тем­ври го че­ка­ат сни­ма­ње­то на фил­мот „Зо­на Зам­фи­ро­ва 2“, ка­де што го тол­ку­ва ли­кот на чи­ра­кот на Ма­не, и учес­тво­то на Филм­ски­от фе­сти­вал во Ве­не­ци­ја со ита­ли­јан­ски­от филм „Овие де­но­ви“.

Ри­сто­ски е млад, шар­ман­тен актер пред ко­го е уба­ва ид­ни­на. Не­о­до­ли­во по­тсе­ту­ва на поз­на­ти­от пе­јач Го­ран Бре­го­виќ.

– Та­тко ми ми ја вса­ди љу­бо­вта кон „Бје­ло дуг­ме“. За сре­ќа, имав чест да се за­поз­на­ам со не­го и да по­раз­го­ва­ра­ме – ве­ли Ри­сто­ски во ин­терв­ју­то за „Ре­пуб­ли­ка“.

а5 (Custom)

Ри­сто­ски е млад, шар­ман­тен актер пред ко­го е уба­ва ид­ни­на. Не­о­до­ли­во по­тсе­ту­ва на поз­на­ти­от пе­јач Го­ран Бре­го­виќ

Мо­жеш ли да ни ка­жеш што е си­же­то на фил­мот „Злат­на пе­тор­ка“ и мал­ку по­ве­ќе за ли­кот што го тол­ку­ваш?

РИ­СТО­СКИ: Фил­мот, пред сѐ, е љу­бов­на при­каз­на ко­ја е пре­ки­на­та по­ра­ди исто­ри­ски­от на­стан што се слу­чил со стре­ла­ње­то на стру­мич­ки­те сту­ден­ти. Во се­то тоа се ис­преп­ле­ту­ва­ат ми­на­то­то и се­гаш­но­ста. При­каз­на­та е око­лу Ка­та, во ко­ја е вљу­бен Ма­ки, и Џи­џи, кој им е нај­до­бар дру­гар. Џи­џи е тој што е на­те­ран да ги пре­да­де и да ја пот­пи­ше из­ја­ва­та де­ка тие, сту­ден­ти­те ра­бо­тат не­што про­тив др­жа­ва­та, и то­гаш др­жав­ни­от си­стем на Ју­гос­ла­ви­ја го осу­ду­ва тоа ка­ко нај­го­ле­мо зло­сторс­тво и нај­го­лем чин на не­при­ја­телс­тво и ре­ша­ва да ги убие. Од­лу­ка­та тие да би­дат стре­ла­ни е на еден чо­век. Тој лик го тол­ку­ва Сла­вко Шти­мац. То­гаш таа љу­бов се пре­ки­ну­ва. Ка­та оста­ну­ва са­ма и на­о­ѓа уте­ха во Џи­џи, но цел жи­вот па­ти за тоа што се слу­чи­ло.

Да­ли е ова твој прв, де­би­тант­ски филм?

РИ­СТО­СКИ: Да, ова е мој прв де­би­тант­ски филм на ма­ке­дон­ски ја­зик со го­ле­ма уло­га. Би­деј­ќи сту­ди­рам на ФДУ во Бел­град, ми бе­ше жел­ба да оди­грам не­што на мај­чин ја­зик. Со Го­ран Трен­чов­ски има­ме ра­бо­те­но ед­на дет­ска се­ри­ја за МТВ пред мно­гу го­ди­ни и не оче­ку­вав де­ка ќе ме пре­поз­нае. Но, ме пре­поз­на. Ко­га ја до­бив уло­га­та, бев на­ви­сти­на сре­ќен.

Ка­кво бе­ше искус­тво­то да глу­миш по­крај Сла­вко Шти­мац и до­а­је­нот на ма­ке­дон­ско­то глу­ми­ште Љуп­ка Џун­де­ва?

РИ­СТО­СКИ: За жал, со Џун­де­ва не­ма­ме за­ед­нич­ки сце­ни. Но, бе­ше ин­те­рес­но ка­ко се нај­дов­ме со Шти­мац. Бев во Бел­град и тре­ба­ше да дој­дам во Скоп­је, и мај­ка ми ми ка­жу­ва де­ка ми ре­зер­ви­ра­ла ави­он­ски би­лет и доз­на­ла де­ка со тој лет па­ту­ва и Сла­вко Шти­мац. То­гаш не го поз­на­вав лич­но. На по­ле­ту­ва­ње­то од Бел­град за Скоп­је му приј­дов и му се прет­ста­вив, му ка­жав де­ка за­ед­но ќе игра­ме во фил­мот „Злат­на пе­тор­ка“ и не­ка­ко вед­наш ни трг­на му­а­бе­тот. Мно­гу при­зе­мен чо­век е, а има огром­но искус­тво. Играл во си­те ле­ген­дар­ни фил­мо­ви на по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, ка­ко „Специјално воспитување“, Се се­ќа­ваш ли До­ли Бел“ и мно­гу дру­ги. Во раз­го­вор со не­го из­ле­зе и де­ка сме со­се­ди во Бел­град. По фил­мот оста­на тој кон­такт, се гле­да­ме на ка­фе.

11012087_506429876198462_4189132648254181337_n

Сцена од филмот „Златна петорка“

Да­ли е ова филм за коп­неж, не­про­мис­ле­ни пре­дав­ства и мла­де­шки тај­ни?

РИ­СТО­СКИ: Ова е филм за љу­бо­вта. Не е исто­ри­ски спе­ктакл, на­про­тив тоа е ур­бан филм. Исто­ри­ски­от мо­мент слу­жи ка­ко под­ло­шка на фил­мот, от­та­му по­тек­на­ла иде­ја­та за фил­мот. Се­то оста­на­то, љу­бов­ни­те сце­ни, дру­же­ња­та, е фик­ци­ја.

Кои се злат­ни­те мом­чи­ња во „Злат­на пе­тор­ка?

РИ­СТО­СКИ: Тоа е ед­но друш­тво кое сту­ди­ра­ло во раз­лич­ни гра­до­ви – За­греб, Бел­град, Скоп­је… Ко­га е рас­пу­стот, тие по­втор­но се за­ед­но, во род­но­то ме­сто. Спо­ред ме­не, тие се ро­ман­ти­чар­ски ли­ко­ви. Одат во те­а­тар, на ки­но, сле­дат сѐ што е но­во, са­ка­ат умет­ност, кул­ту­ра, но­сат и чи­та­ат кни­ги кои то­гаш не би­ле доз­во­ле­ни, слу­ша­ат му­зи­ка на пло­чи, тоа е нив­но­то зло­сторс­тво, ако тоа во­оп­што мо­же да се на­ре­че та­ка.

Да­ли е ова филм што тре­ба да ни по­ка­же де­ка ни­ед­на тем­на си­ла во све­тот не е веч­на?

РИ­СТО­СКИ: Да. Тоа го по­ка­жу­ва и при­ме­рот де­ка и по тол­ку го­ди­ни од на­ста­нот, кој се слу­чил на 13 август 1951 го­ди­на, уште се збо­ру­ва за таа те­ма. Кол­ку и да се оби­ду­ва да се при­крие таа случ­ка, се­ко­гаш на по­вр­ши­на исп­ли­ву­ва­ат до­бро­то и љу­бо­вта.

Зо­што ре­ши да сту­ди­раш во Бел­град?

РИ­СТО­СКИ: Јас сум ро­ден во Те­то­во. Во 2001 го­ди­на се пре­се­лив во Скоп­је. Во 2012 го­ди­на за­ми­нав за Бел­град, ко­га имав 17 го­ди­ни. То­гаш бев тре­та го­ди­на гим­на­зи­ја. Пр­во бев на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти во Скоп­је, но раз­брав де­ка таа го­ди­ни не­ма да има отсек драм­ска игра. Поч­нав да раз­мис­лу­вам ка­де би се за­пи­шал и Бел­град ми изг­ле­да­ше ка­ко нај­до­бро ре­ше­ние. На 17 го­ди­ни се при­ја­вив на при­ем­ни­от ис­пит во Бел­град, го по­ми­нав пр­ви­от круг, вле­гов во по­тес­ни­от из­бор и по­тоа ме при­ми­ја. То­гаш се по­ста­ви пра­ша­ње­то што се­га, имам са­мо 17 го­ди­ни. Но, се за­пи­шав и се­га имам уште два ис­пи­та до крај и ќе дип­ло­ми­рам до сре­ди­на­та на октом­ври.

Ка­де ја гле­даш сво­ја­та ид­ни­на? Во Ср­би­ја или во Ма­ке­до­ни­ја?

РИ­СТО­СКИ: Искре­но, би са­кал, ко­га би мо­же­ло, да би­дам и во Ср­би­ја и во Ма­ке­до­ни­ја. Да во­ју­вам на два фрон­та. Бел­град е мно­гу по­го­ле­ма сре­ди­на од Скоп­је и има мно­гу по­ве­ќе мож­но­сти за мла­ди акте­ри. Но, Скоп­је е Скоп­је. Ту­ка сум по­рас­нат, а мај­чин ја­зик си е мај­чин ја­зик. Кол­ку до­бро да го збо­ру­вам срп­ски­от ја­зик, се­пак, мно­гу сум пос­ло­бо­ден ко­га играм на мај­чин ја­зик.

а4 (Custom)

Кои се тво­и­те мо­мен­тал­ни и ид­ни ан­гаж­ма­ни?

РИ­СТО­СКИ: Имам прет­ста­ва во те­а­та­рот „Бо­шко Бу­ха“, „Ма­га­ре­шки го­ди­ни“, и две прет­ста­ви во На­ро­ден те­а­тар во Сом­бор. Ед­на­та е „Мно­гу вре­ва за ни­што“ од Шекс­пир, а вто­ра­та е „Прин­це­за и ди­ја­мант“ од Ма­те­ја По­по­виќ. Тоа е ен­ту­зи­ја­стич­ки, наш про­ект. По­по­виќ е актер, но тој го на­пи­ша тек­стот за оваа дет­ска прет­ста­ва. Од 13 до 22 сеп­тем­ври ќе би­дам во Ва­ле­во, ка­де што се сни­ма фил­мот „Зо­на Зам­фи­ро­ва 2“. Јас ќе го тол­ку­вам ли­кот на чи­ра­кот на Ма­не, По­ти. Дејс­тво­то во фил­мот се слу­чу­ва две го­ди­ни по пр­ви­от дел. Не игра ни­кој од ста­ра­та еки­па на „Зо­на Зам­фи­ро­ва“. Имам сре­ќа во сеп­тем­ври да одам на Филм­ски­от фе­сти­вал во Ве­не­ци­ја, со ита­ли­јан­ски­от филм кој го ра­бо­тев со еден ко­ле­га. Фил­мот се ви­ка „Овие де­но­ви“ на Џу­зе­пе Пи­чо­ни и е вле­зен во офи­ци­јал­на­та се­лек­ци­ја на 73. Филм­ски фе­сти­вал во Ве­не­ци­ја.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top