Двократниот победник на Отвореното првенство на Америка, Рафаел Надал, го заврши годинашниов настап на овој турнир откако ноќеска во меч од осминафиналето по повеќе од четири часа загуби од Лукас Пуј со 3-2, по сетови 6:1; 2:6; 6:4; 3:6; 7:6 (8:6).
Пул одигра одличен меч и заслужено се избори за четврт-финалето, а во тај брекот од решавачкиот сет ја искористи четвртата меч-топка. Негов ривал во следната рунда ќе му биде Гаел Монфис, кој со 3-0 во сетови (6:3; 6:2 и 6:3) го елиминира Маркос Багдатис.
Актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ во победата над Кајл Едмонд загуби само седум гема 3-0 (6:2; 6:1 и 6:4) и во четврт-финалето ќе игра против Жо-Вилфред Цонга, кој со 3-1 во сетови (6:3; 6:3; 6:7;6:2) го победи Џек Сок.
Кај жените двократната финалистката Каролине Вознијачки ја победи Медисон Киз со 2-0 (6:3 и 6:4) и во следното коло ќе игра против Анастасија Севастова, која со истиот резултат 2-0 (6:4 и 7:5) ја победи Џоана Конта.
Победничката на ОП на Австралија Анжелик Кербер во осминафиналето беше поуспешна од Петра Квитова со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5) и за противничка во четврт-финалето ќе ја има ланската финалистка Роберта Винчи, која ја елиминира Лесиа Цуренко со 2-0 во сетови (7:6; 6:2).
Попладнево и вечерва се играат другите осминафинални мечеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.