| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечката НЛБ ќе отпушти околу 700 вработени

Засега нема информации дали ќе има отпуштања и во македонската филијала НЛБ Тутунска банка

nlb

Со програмата за санација на словенечата Нова љубљанска банка (НЛБ) се предвидува отпуштање на 650-700 вработени, укинување на 17 организациски единици и затворање на една третина од експозитурите.

Како што објавија словенечките медиуми, се проценува дека по спроведувањето на санацискиот план, кој е изработен на барање на Европската комисија, НЛБ ќе биде помала за 35 проценти.

Во досегашниот процес на докапитализација на НЛБ се потрошени 1,5 милијарди долари, од кои најголем дел ги обезбеди државата Словенија, која е и сопственик на банката.

Сепак, според експертите, за да може да продолжи со работа, на НЛБ ѝ се потребни уште најмалку 500.000 евра.

Банката се соочува со големи загуби, првенствено од давањето лоши кредити на инсолвенти претпријатија.

Словенија се реши за програмата за санација на НЛБ бидејќи и самата е во криза и нема средства за нова докапитализација на банката, на која ѝ се потребни дополнителни средства за да опстане.

Опстанокот на банката е од големо значење за Словенија, имајќи предвид дека една третина од словенечката економија зависи од НЛБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top