| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај Градска болница утрово го отежна сообраќајот во Центар (Фото)

01

Сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата кај градската болница „Св. Наум Охридски“ утрово направи метеж во сообраќајот на повеќе улици во центарот на градот.

Голема колона возила утрово имаше на булеварот „Кочо Рацин“, а и сообраќајот на булеварот „11 Октомври“ кај автобуската станица кај зелен пазар, исто така беше отежнат.

022

На местото на незгодата возачите на оштетените автомобили, најверојатно, пополнуваа европски записник, а полицијата сè уште немаше пристигнато на крстоцницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top