Кога мажите сакаат да ја прекинат врската, сакаат да ја избегнат драмата и често бираат изговори со кои не сакаат да ја повредат партнерката.
Едно британско истражување во кое учестувале слободни мажи постари од 35 години и со повеќе љубовни врски зад себе ги покажува нивните најчести изговори за прекинување кои никогаш немале никаква врска со вистината.
1.Не сум подготвен за врска
Со овој изговор мажите ја потврдуваат својата несериозност и неподготвеност да се врзат. Стручните лица велат дека таков маж треба да го пуштите да си оди, бидејќи нема смисла да се вложува во таква врска.
2. Заслужуваш многу подобар од мене
За да излезат со чист образ, мажите се подготвени себеси да се стават во позиција на жртва и тоа го прават дури 32 отсто од мажите.
3. Проблемот е во мене, не е во тебе, ти си совршена
Верувале или не, дури 24 отсто од мажите го користат овој изговор да ја прекинат врската. И им успева!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.