| четврток, 6 декември 2018 |

Ја избракле од час бидејќи не била соодветно облечена

Бела Џоунс има 11 години. На училиште заминла облечена во хеланки и во туника. Професорите ја избркале од час со објасување дека не е соодветно облечена. Наводно, поради хеланките момчињата не можеле да се концентрираат. Велат дека го прекршила правилникот за облекување.

Во училиштето сметаат дека туниката на Бела била прекратка. И позајмиле тренерка, а кога ги замолила да ја повика своја мајка и да и донесе нова облека, не и дозволиле да се јави.

Нејзината мајка смета ќерка и била понижена.

Директорката на училиштето го објаснила протоколот на облекување според кој облеката мора да покрие 15 сантиметри под коленото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top