Вчера во Полициската станица Гостивар, гостиварецот П.Џ. (34) пријавил дека дента околу 12:30 часот додека со неговата сопруга М.Џ. и неговата малолетна ќерка биле во дворот од нивната куќа на ул.„Фазанерија“ и ги переле теписите, во еден момент паднал проектил испукан од непознато огнено оружје во непосредна близина на неговата ќерка.
Проектилот најпрвин удрил во бетонската патека од дворното место од каде се одбил на околу два метри од местото на ударот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово која работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.