| четврток, 6 декември 2018 |

Фаворитите без проблеми се пласираа во осминафиналето на УС Опен

Фаворитите на вчерашните мечеви од 3.коло на УС Опен без поголеми проблеми се пласираа во осминафиналето.

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја победи Јохана Ларсон со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1), додека нејзината сестра Венус Вилијамс беше поуспешна од Лаура Зигемунд со 2-0 (6:1 и 6:2).

Пласман во следната рунда изборија уште: Јарослава Шведова, Карла Суарез Наваро, Симона Халеп, Агнешка Радванска, Ана Коњух и Каролина Плискова.

Кај мажите вториот носител Енди Мареј загуби еден сет и го совлада Паоло Лоренци со 3-1 (7:6; 5:7; 6:2 и 6:3). Со истиот резултат и Кеи Нишикори го победи Никола Махут 3-1 (4:6; 6:1; 6:2; 6:2).

Најтешко со осминафиналето стигна Стан Вавринка кој со 3-2 во сетови (6:4; 6:3; 6:7; 7:6 и 6:2) го елиминира Даниел Еванс. Во следната рунда се пласираа уште: Доминик Тием, Хуан Мартин Дел Потро, Илија Марченко, Иво Карловиќ и Григор Димитров.

Попладнево и вечерва се играат првите осминафинални мечеви во двете конкуренции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top