| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во САД: Тропска бура усмрти две лица

Тропската бура Ермин предизвика смрт кај две лица, минувајќи над југоисточните американски држави од Флорида до Вирџинија, пренесоа американските медиуми.

Ермин над копното ја загуби својата ураганска сила. Стихијата, меѓутоа, повторно собра моќност додека се движеше на север, крај американското атлантско крајбрежје, заканувајќи се со поројни дождови и силни ветрови.

Силниот ветар од Ермин во Северна Каролина преврте камион, а возачот загина.

Четири лица се поврдени кога мало торнадо, предизвикано од Ермин, преврте две трајлера.

Дрво што паднало од силниот ветар во Флорида усмрти бездомник.

Бурата предизвика штети на многу згради и без струја остави илјадници луѓе.

Според последните податоци, Ермин се наоѓа крај Северна Каролина, движејќи со брзина од 24 километри на час во правец исток-североисток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top