Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Рим се сретна со Џузепе Галати, пратеник во италијанскиот Парламент.
Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во државата, политичката криза и начинот за нејзино надминување.
Тема на разговор биле и политичките односи меѓу дввете земји при што се истакнала заложбата за понатамошно унапредување и продлабочување на меѓусебните односи, особено во делот на економијата каде веќе има неколку примери за успешна соработка меѓу двете земји.
Исто така, на средбата станало збор и за меѓусебната политичка соработка меѓу двете политички партии како дел од европската народна партија каде се обединуваат најголемиот дел од десно ориентираните европски демохристијански партии.
Џузепе Галати ја истакнал подршката за остварување на стратешките цели на државата, а врзана за интегративните процеси во ЕУ и НАТО алијансата, како и подготвеноста за соработка на тој план.
Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски моментално се наоѓа во Рим каде во текот на утрешниот ден ќе се одвива церемонијата за прогласување за светица на Скопјанката Мајка Тереза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.