| четврток, 6 декември 2018 |

Трапм во анкетите ја пристигна Клинтон: Поддршката на Клинтон константно паѓа!

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ја пристигна во анкетите својата ривалка од Демократската партија Хилари Клинтон.

Тој успеал во тоа благодарение на тоа што во последните недели консолидирал поддршка меѓу гласачите од оние кои традиционално гласаат за Републиканците, покажа денеска објавената анкета на Rojters/Ipsosa.

Според анкетата спроведена помеѓу 26 август и 1 септември, Трамп го поддржуваат 40 а Клинтон 39 отсто од избирачите, објави Ројтерс.Поддршката на Клинтон паѓа константно од 25 август, па така до денес се стопи нејзината предност во однос на Трамп од осум процентни поени.

Растот на поддршка на американскиот милијардер пред се е последица на тоа што меѓу самите Републиканци процентот на оние кои го поддржуваат Трамп пораснал во текот на изминатите две недели за шест процентни поени на окоу 78 отсто.

Тоа сепак е помалку од поддршката од 85 отсто, која меѓу Републиканците во летото 2012 ја имаше тогашниот претседателски кандидат Мит Ромни, потсетува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top