Како неколку локални момци и топче можат да уништат летување и да остават горчлив вкус во устата на семесјтвото со мали деца кои страдаа за на мир и без грижи да можат да уживаат на сигурна плажа покажува приказната на 29-годишната девојка од Долни Михолјци која пред дваесеттина дена летувала во каштеланскиот хотел „Ресник“.
– Тој ден по ручекот отидовме на плажа, а доцна попладнето дојдоа четворица мажи, очигледно локалци, и почнаа да играар пицигин токму пред моите деца и останатите гости. По силното плискање во водата и трачње по работ од плажата, топчето го погоди по глава мојот двегодишен син, а подоцна и моето внуче во градите.
– Но, откако топчето за малку не го погоди моето двомесечно синче во количката, културно ги замолив да се тргнат од тој дел на плажата, да престанатм бидејќи сме дошле во наведениот хотел барајќи мир и сигурност, но тие рекоа дека луѓето сакаат да ги гледаат како тие играат пицигин. Некоја минута подоцна еден од нив во жарот на играта скокна врз едно од децата, Германче, раскажува госпоѓата додавајќи дека потоа ги прашала сакаат ли да убијат некого со такво фрлање.
– Едниот ми одговори дека тоа е игра, а потоа другиот му рече: “Што се објаснуваш со таа крава?” Дофрли и да се тргнеме понатаму ако ни пречи нивната игра. Одговорив дека ние сме платиле во хотел и дека сме дошле на хотелската плажа пред нив. Со децата си играв во плиткото, кога топчето ме погоди в глава. Ја зедов и ја фрлив во ѓубре. Еден од нив отиде да бара во ѓобрето и се врати со топката.
– Продолжија да играат како ништо да не било, а во морето повеќе немаше никој, сите избегаа надвор. Им реков дека не се нормални, а потоа едниот од нив ми го донесе топчето и почнаа да ме навредуваат мене и мојот сопруг. Не сакав да им го вратам топчето бидејќи ми беше преку глава од се, а децата се плашеа да влезат во вода. А потоа ја нападнале.
– Тогаш едниот од нив ги фрли моите папучи во море, а подоцна и стварите од моето бебе, ми ја сврте раката и ме туркаше на земја. Набргу сите четворица ме туркаа на земја, а оној што беше зад мене ми ги стегаше двете раце, а јас го гризев за да не ми ги скрши. Во меѓувреме се замеша и еден турист од Чешка кој беше на плажата со две деца и ја спречи тепачката.
– Им велеше дека не се нормални бидејќи напаѓаат жена. Кога видоа дека навистина цела плажа скокна се повлекоа. Подоцна ми пријде една госпоѓа која ми рече дека живее во близина и дека тој тероро трае со недели, дека се замолени од сите кои доаѓаат на плажата да престанат, а тие само се смеат на тоа.
Гостите потоа ја повикале полицијата, а оттаму сеуште нема информации за насилниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.