Исто така, здружението Интеракција плус започна со подготовките на Водичот за лица со посебни потреби, во соработка со Издавачката куќа Феникс која ќе објави и повеќе едукативни боенки, сликовници, прирачници и други полезни и неопходни изданија и материјали.
За повеќе информации и закажување за термини, сите заинтересирани можат да се јават на телефонските броеви на Здружението Интеракција плус: 078 245484 и 071 973362.
Оваа хумана акција и мисија ја реализираат повеќе дипломирани логопеди и дефектолози, со цел да им се излезе во пресрет и да им се помогне на сите оние кои имаат логопедски и дефектолошки проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.