| четврток, 6 декември 2018 |

Како да проверите дали сте добар љубовник

секс 5

Следи листа на седум работи кои јасно откриваат дали сте добар љубовник.

Чувствувате поврзаност со партнерот

Истражувањата кои се спроведе од сексолози на тема „Што го чини добриот љубовник?“ покажуваат дека одговорот не лежи во некоја одредена техника, туку во фактот дека партнерите чувствуваат меѓусебна поврзаност. Добриот секс не е само телесно искуство, туку и емотивно, она што ги поврзува партнерите. Па така, да се биде добар в кревет не значи до совршенство да направите одредена поза, туку да знаете како со партнерот да се поврзете над телесното ниво. За да го остварат тоа, многумина го проучуваат тантричкиот секс, карезата и други техники кои го поврзуваат умот и телото.

Самоуверени сте

Особините кои ги  имаат одлични љубовници се самоуверени, позитивна слика за сопственото тело и фактот дека во своето тело се чувствуваат секс. Ако се чувствувате секси во своето тело, голема е шансата дека ќе го подобрите либидото и ќе ви овозможи во целост да му се предадете на сексуалното искуство.

Не влегувате во рутина

Добриот љубовник знае дека за добар секс не е доволно само да се користат половите органи, туку и мозокот. Креативноста, фантазијата и подготвеноста на некои нови и поинакви работи ќе направат од вас добар љубовник засекогаш. Рутината е најголемиот убиец на либидото, поради тоа употребете ја својата фантазија кога е во прашање сексот.

Го слушате партнерот

Слушањето на партнерот е уште една важна особина на добриот љубовник, а секако, важно е да се биде внимателен, великодушен и несебичен. Запаметете, сексот е заедничко искуство на двајцата партнери, а посветувањето внимание на желбите на партнерот е поважно од било што друго в кревет. Без добра комуникација, никој не може да биде добар љубовник.

Не ги брзате работите

Како и кај мнозинството работи во животот и во сексот е добро да се посвети внимание на детаљи и секако, за се’ да се одвои доволно време. И секогаш на прво место ставете го квалитетот.

Не пропуштате прилика за секс

За сјаен сексуален живот, многу е важна рамнотежата меѓу спонтаноста и тоа навистина да го направие. Математиката во сексот е важна па така внимавајте почесто да кажете да отколку не. Бидете достапни за својот партнерот и имајте на ум дека, иако одбивањето се чини така едноставно, често тоа го нарушува квалитетот на сексот.

Заиграни сте во креветот

На сексот може да гледате и како на рекреација на возрасни, а токму за време на сексот би требало да се опуштите и добро да се забавувате. Ако сакате да бидете добри в кревет, бидете игриви и покажете го своето уживање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top