| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 10 лица загинаа при експлозија на бомба на Филипини

Најмалку 10 луѓе загинаа, а 60 се повредени во експлозија на пазар во филипинскиот град Давао.

– Нејасна е причината за експлозијата на пазарот во Давао, што е на 960 километри јужно од Манила, изјави Ернесто Абела, портпарол на филипинскиот претседател.

Полициски извори наведуваат дека причина за експлозијата највероајтно е бомба.

Експлозијата се случи неколку дена откако терористичката група Абу Сајаф се закани со напади по воената офанзива против нив на јужниот остров Јоло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top