Небото над Ниш, Србија се тресе веќе седум дена откога на нишкиот цивилен аеродром почнаа се почесто да слетуваат гигатски руски транспортни авиони од типот „Иљушин Ил 76“.
Почнувајќи од 25 август кога слетал првиот „Иљушин“ до вчера слетале пет авиони кои превезуваат разни работи за Русија, С. Арабија и Азербејџан.
Станува збор за авионите кои до неодамна полетувале од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ но во јули е забрането полетување на тие авиони во правецот на градот откако граѓаните се побуиниле поради тоа што авионите летале многу ниско.
Станува збор за авиони за кои медиумите претходно пишувале дека превезуваат оружје од централна и источна Европа во Блискиот Исток и Турција.
Како што пишува „Блиц“ еден авион на 29 август летнал за Русија, а следниот ден два полетале за С. Арабија и Азербејџан. Од С. Арабија 31 август во 15 часот слетал уште еден авион на аеродромот во Ниш. Тоа што тие го пренесуваат останува деловна тајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.