| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Бекам: Бев пијана кога го запознав Дејвид

Викторија Бекам ќе се појави на насловната страница на британскиот Вог во октомвриското издание. Таа ќе ја раскаже приказната како го запознала својот сопруг Дејвид, а говори и за тинејџерските денови на несигурност, кариерата, модата.

Љубовта на познатата двојка трае 19 години, а Викторија признала дека била пијана кога го запознала Дејвид. Вели дека тоа било љубов на прв поглед.

b_160902061

Нивната приказна почнала 1996 година кога Дејид ја видел во спотот на „Спајс грлс“.

– Оваа девојка е за мене и јас ќе ја запознаам. Таа е моето совршенство. Ако ме сака, ќе бидеме заедно засекогаш – изјавил тогаш Дејвид.

Потоа таа дошла во Манчестер јунајтед и го запознала. Почувстувала пеперутки во стомакот. Оваа приказна е опишана во нејзиното писмо кое го напишала „младата Викторија“ и во која хронолошки ја раскажува љубовната приказна. Во него има и совети кои сама на себе ги дава по средбата со Дејвид, како на принмер: научи повеќе за фудбалот, посебно за офсајдот!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top