| четврток, 6 декември 2018 |

Порака која го разбуди целиот Балкан: Да ви објаснам јас што е војна

vojnik

Статусот на Елдин Курбашиќ од Сараево кој тој го објавил вчера покрена бура од реакции меѓу корисниците на социјалните мрежи од целиот Балкан. Тој им испратил јасна порака на сите оние кои овој период ги креваат тензиите и ја подгреваат нетрпеливоста на Балканот.

Елдин раскажал низ што се минал за време на граѓанската војна која изби при распадот на Југославија. Вели дека раскажува само од свое искуство. Ова е неговата порака во целост:

Војна за почетници (од гледна точка на војникот):

Затоа што изминативе неколку недели се повеќе се подгреваат тензиите помеѓу народите на Балканот и се појавуваат се повеќе патриоти од сите врсти, ред е да споделам знаење стекнато од лично искуство, за тоа што е вусшност војна.

– Родителите од прозор го гледаат брдото на кое си пратен да се бориш и се молат да се вратиш жив. Додека ги гледаат сите детонации и гранати кои паѓаат ттаму, си велат, само да се врати, па макар и инвалид.

– Не мора да те погоди куршум или шрапнел за да те убие во борба. Убива и детонацијата која може да ти ги уништи органите. Првите симптоми се губење на свеста и повраќање крв.

– Ако успееш да се вратиш од акција жив, може да добиеш должност да отидеш кај сопругата и мајката на твојот другар, кои со неговата двегодишна ќерка која стои меѓу нив, да им кажеш дека загинал. Ти даваат и кутија седативи за да им ги дадеш да се смират, но кога да стигнеш, уште кога ќе те видат на вратата со уште двајца војници, знаат зошто немаш насмевка не лицето. Веднаш вриснуваат во плач, а во тие моменти си ги замислуваш твоите дома како би реагирале кога би им го соопштиле истото.

– Размена на мртви: Е ова е посебна дисциплина… замислете дека треба да превртиш понекогаш и повеќе од 100 лешеви за да го најдеш својот роднина. Понатаму не сакам да навлегувам во детали.

– Имаш околу 10 секунди на твојот другар да му го запреш шуштењето од белите дробови. Ако немаш завој може и целофанот од цигарите да ти помогне.

stat

– Брзината со која се движи шрапнелот е околу 1 километар во секунда. Лета неправилно и се врти околу сопствената оска, а има температура од околу 200 степени целзиусови. Го кине ткивото, коската, а вените и артериите со кине за дел од секундата.

– Глувчешка грозница – Ако и си се навикнал на големите стаорци кои шетаат покрај тебе по рововите, на болеста која често го погодува војниците во рововите, сигурно нема да се навикнеш.

– Кога ќе ве советуваат да се облечете во повеќе слоеви, треба да послушате затоа што цел месец, понекогаш и повеќе, со кал до колена, тие слоеви ќе ви бидат повеќе од потребни

– Бајонетот не се носи за некого да заколеш, туку да се закопаш во ледената и тврда земја за да се заштитиш од противничката артилерија.

– Непријателскиот снајпер е подосаден од било кој комарец.

– Оружјето секогаш МОРА да ти биде суво. Ниту едно нема водоотпорен сертификат.

– Адреналинот кој те удира додека си во карантин пред да тргнеш во акција е едно 800 пати посилен од оној пред твоето прво сексуално искуство.

Има уште многу, но секако мислам дека ова е доволно за на сите да им порачам: Не повикувајте на војни и конфликти ако не сте спремни да поднесете нешта десет пати потешки од овие што ви ги наведов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top