| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Шалке 04 испратија помош за настраданите во поплавата

salke5

Навивачката група на клубот од Гелзенкирхен „УГЕ“ е збратимена со навивачката група “Комити“ и повеќе од десет години имаат одлични односи. Тие не ги кријат симпатиите кон Вардар, Скопје и Македонија, а за тоа сведочи инцидентот со тамошната полиција која на еден од натпреварите на Шалке сакаше да отстрани македонско знаме од нивната трибина, но на крајот мораше да се повлече.

Ултрасите на германскиот фудбалски клуб Шалке 04, познати како „УГЕ“ организирале акција за собирање на облека, постелнина, храна и други корисни предмети за погодените во катастрофалната поплава во Скопје. Во акцијата која траела неколку дена било собрано доволно помош која е распоредена во 400 пакети кои се веќе на пат кон Скопје. Транспортот го плаќаат самите тие, пишува Вечер.

1salke5

 

Братските односи ги потенцираа и германските ултраси кои преку кусо соопштение во јавноста ја објаснија својата постапка и порачаа дека се заедно до “Комити“ и во добро и во зло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top