| четврток, 6 декември 2018 |

Железничка несреќа кај Свети Николе, едно лице во болница

Вчера околу 20.25 часот на патниот премин преку железничка пруга Кочани – Скопје, на локалниот пат с. Ерџелија – с. Кадрифаково, се случила железничка незгода во која моторна гарнитура сопственост на „Македонски железници“ а.д – Скопје удрила во патничко моторно возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (40) од Штип.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил возачот на патничкото возило  и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во клиничката болница во Штип.
Во периодот од 20.25 до 23.10 часот, за време на увидот од екипа на ПС Свети Николе, железничкиот сообраќај бил во прекин.
Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top