| четврток, 6 декември 2018 |

Којо ја одбрани Беквалац со нож во грбот

Многу актери ја критикуваа одлуката Наташа Беквалац да добие улога во театарска претстава, да ја игра Драга Машин во мјузиклот „Тајната на Црната рака“, но Никола Којо не ги употреби нивните остри зборови иако ги искажа нивните ставови. Кратко и јасно, во свој стил, тој одговорил на прашањето дали му пречи што Наташа Беквалац добила театарска улога, тој одговорил:

-Немам ништо против, секој кој е талентиран треба да си прави што може. Ете, можеби еден ден некој мој колега ќе заигра фудбал во некој прволигашки клуб.

На социјалните мрежи некои ја препознаваат иронијата во неговите зборови, а некои сметаат дека Којо има задни намери и затоа ѝ се додворува на сексапилната пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top