| четврток, 6 декември 2018 |

Нудистите фрлале со песок, тинејџерите со тупаници – тепачка на нудистичка плажа

Група тинејџери кои одбивале да се соблечат предизвикале масовна тепачка на нудистичка плажа во Аркашон, во близината на Бордо, во Франција. Тие стоеле на плажата и ги посматрале голите тела на оние кои се одморале. Според сведоците, десет тинејџери почнале со провокации кон капачите, а потоа им било кажано дека треба или да се соблечат или да ја напуштат плажата. И тогаш почнала тепачката.

Нудистите им фрлале песок во очите, а момчињата возвраќале со удари. Навреди имало од двете страни. Надлежните служби и полицијата морале да реагираат, а двајца од момчињата биле притворени и по неколку часа пуштени.

Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top