Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, и пратеничките групи од парламентарното мнозинство уште еднаш ја повикаа опозицијата да го прекине бојкотот и да се врати во законодавниот дом.
– Пратенците од опозицијата да се вратат во Собранието, да го продолжат прекинатиот политички дијалог и да продолжи функционирањето на Собранието во полн состав во интерес на граѓаните на Република Македонија и на евроатлантските интегративни процеси, се наведува во соопштението издадено по денешната координација на координаторите на пратеничките групи кај претседателот на парламентот Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


