Колкава ѕвезда е балканската фолкерка Цеца Ражнатовиќ покажува и новиот екорд што го постави на Јутјуб.
Таа има преку 500.000 претплатници на својот официјален канал, а овој успех планира да го прослави со своите обожаватели во Нови Сад.
За новиот успех придонесуваат и песните од последниот албум, „Автограм“, за што зборува и податокот дека насловната нумера има преку 20 милиони прегледи.
Цеца го промовира албимот и на Денот на рударите, во Македонска Каменица, а најави дека половина од остварениот приход ќе го донира за поплавените во Скопско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.