| четврток, 6 декември 2018 |

Телефоните и таблетите ги оддалечија децата од семејството

Тоа што де­ца­та се пот­пи­ра­ат на мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја за по­го­ле­ми­от дел од нив­на­та игра зна­чи гру­бо огра­ни­чу­ва­ње и гу­бе­ње на пре­диз­ви­ци­те за нив­на­та кре­а­тив­ност и има­ги­на­ци­ја, ка­ко и огра­ни­чу­ва­ње на по­треб­ни­те пре­диз­ви­ци за нив­ни­те те­ла, од­нос­но да се по­стиг­не оп­ти­ма­лен сен­зо­рен и мо­то­рен раз­вој

Де­ца на две го­ди­ни, па и на по­мал­ку, уште пред да поч­нат да свр­зу­ва­ат це­ли ре­че­ни­ци или да се слу­жат со го­во­рот, зна­ат да вклу­чат таб­лет или па­ме­тен те­ле­фон и да пу­штат кли­по­ви на „Јут­јуб“. Зна­ат да ги пре­ба­ру­ва­ат оми­ле­ни­те цр­та­ни фил­мо­ви или пес­ни и да игра­ат игри. А, не­кои од нив уште не збо­ру­ва­ат. Тоа е сѐ по­че­ста сли­ка ко­ја ја гле­да­ат и со ко­ја се со­о­чу­ва­ат де­фе­кто­ло­зи­те во Ма­ке­до­ни­ја.

– Имај­ќи ги пред­вид си­те овие поз­на­ва­ња и пос­ле­ди­ци­те од не­га­тив­но­то вли­ја­ние на мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја, нај­важ­но е ро­ди­те­ли­те, на­став­ни­ци­те, де­фе­кто­ло­зи­те и ло­го­пе­ди­те да се здру­жат за да се по­диг­не све­ста во оп­штес­тво­то и да се спре­чат одре­де­ни пос­ле­ди­ци од тех­но­ло­ги­ја­та ко­ја има вли­ја­ние врз фи­зич­ко­то и врз мен­тал­но­то здрав­је на де­те­то, а пре­диз­ви­ку­ва и проб­ле­ми во од­не­су­ва­ње­то и во спо­соб­но­ста да учат и да се одр­жу­ва­ат лич­ни­те се­меј­ни од­но­си – ве­ли де­фе­кто­ло­гот Ма­ја Нев­чев­ска-Стан­ко­ска.

 

Кол­ку е важ­но да има вра­бо­те­но де­фе­кто­ло­зи во ре­дов­ни­те учи­ли­шта?

НЕВ­ЧЕВ­СКА-СТАН­КО­СКА: Вла­ди­на­та од­лу­ка за вра­бо­ту­ва­ње де­фе­кто­ло­зи во ре­дов­ни­те ос­нов­ни учи­ли­шта пре­диз­ви­ка го­лем ин­те­рес во јав­но­ста и кај де­фе­кто­ло­зи­те. Со тоа, ко­неч­но, ќе се за­тво­ри еду­ка­тив­на­та праз­ни­на во ху­ма­ни­от и стру­чен при­стап кон де­ца­та со по­себ­ни по­тре­би во обра­зов­ни­от си­стем. Де­фе­кто­ло­зи­те во ре­дов­ни­те учи­ли­шта се ска­ла­та за ус­пеш­на ре­а­ли­за­ци­ја на про­це­сот на инк­лу­зи­ја кај де­ца­та со по­себ­ни по­тре­би во обра­зов­но-вос­пит­ни­от про­цес во ре­дов­ни­те учи­ли­шта. Не смее да се не­ги­ра оправ­да­но­ста за по­сто­е­ње на по­себ­ни­те учи­ли­шта кои ре­а­ли­зи­ра­ат на­ста­ва со оваа ка­те­го­ри­ја уче­ни­ци, ту­ку, на­про­тив, тре­ба да прет­ста­ву­ва лајт-мо­тив пре­ку ор­га­ни­за­ци­ско-стру­ктур­ни про­ме­ни да ја до­ка­жат не­оп­ход­но­ста од по­сто­е­ње на овие ин­сти­ту­ции, пред сѐ пре­ку еден по­кре­а­ти­вен и по­ква­ли­те­тен при­стап во ра­бо­та­та со де­ца со по­себ­ни по­тре­би, а, се­пак, раз­ли­чен од ре­дов­ни­те учи­ли­шта. Вра­бо­ту­ва­ње­то на де­фе­кто­ло­зи­те во ре­дов­ни­те учи­ли­шта ќе пре­диз­ви­ка кон­зи­стент­на реф­ле­кси­ја врз со­ци­јал­но-со­ци­о­ло­шка­та ком­по­нен­та на пра­вил­ни­от пси­хо­ло­шки раз­вој на лич­но­ста. Осо­бе­но е зна­ча­ен фа­ктот што по­се­ту­ва­ње­то на ре­дов­но­то обра­зо­ва­ние из­во­нред­но ин­хи­би­тор­но вли­јае врз раз­во­јот на чув­ство­то на по­ма­ла вред­ност и, се­ка­ко, се­гре­га­ци­ја на оваа ка­те­го­ри­ја уче­ни­ци. Ту­ка да не го за­бо­ра­ви­ме и еко­ном­ски­от ас­пект, кој, исто та­ка, е мно­гу би­тен, изра­зен во фи­нан­си­ски тро­шо­ци за па­ту­ва­ње до ин­сти­ту­ци­и­те кои ре­а­ли­зи­ра­ат по­себ­на обра­зов­на на­ста­ва со овие уче­ни­ци. Мо­ра да го истак­не­ме и иск­лу­чи­тел­но по­зи­тив­ни­от мо­мент кој ќе вли­јае и врз ам­би­ва­лент­ни­от став на ро­ди­те­ли­те кои се на­о­ѓа­ат во актив­на ди­ле­ма да­ли нив­ни­те де­ца со по­себ­ни по­тре­би да ги за­пи­шат во по­себ­ни или во ре­дов­ни учи­ли­шта, ка­де што со по­стој­ни­от де­фе­кто­лог по­ус­пеш­но би се вклу­чи­ле во обра­зов­но-вос­пит­ни­от про­цес.

 

Ка­ква е уло­га­та на де­фе­кто­ло­гот во ре­дов­но­то учи­ли­ште по­крај пе­да­го­зи­те и пси­хо­ло­зи­те?

НЕВ­ЧЕВ­СКА-СТАН­КО­СКА: Де­фе­кто­ло­гот во учи­ли­ште­то им да­ва по­сто­ја­на под­др­шка на на­став­ни­ци­те и со за­ед­нич­ка со­ра­бо­тка изра­бо­ту­ва­ат ин­ди­ви­ду­ал­ни обра­зов­ни пла­но­ви за уче­ни­ци­те на кои им се по­треб­ни и спо­ред кои тие ќе ра­бо­тат це­ла­та учи­лиш­на го­ди­на, ка­де и би се зе­ма­ле де­ца на ин­ди­ви­ду­ал­ни трет­ма­ни за вре­ме на ча­со­ви­те. Исто та­ка, де­фе­кто­ло­зи­те би има­ле и ра­бо­та од со­ве­то­да­вен ка­ра­ктер со на­став­ни­ци­те и со ро­ди­те­ли­те, на кој на­чин ро­ди­те­ли­те да ра­бо­тат со сво­и­те де­ца по учи­ли­ште, на што да се по­све­ти вни­ма­ние и што тре­ба да се про­ме­ни во од­нос на се­којд­нев­ни­от жи­вот, со­вре­ме­ни­те пре­диз­ви­ци и мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја. На де­фе­кто­ло­зи­те и на ло­го­пе­ди­те им се по­треб­ни по­сто­ја­на обу­ка и еду­ка­ци­ја за да ги по­стиг­ну­ва­ат ефе­кти­те кои се воз­мож­ни и да се уна­пре­ду­ва раз­во­јот на се­кое де­те. Вра­бо­ту­ва­ње­то на де­фе­кто­ло­зи­те тре­ба да поч­не уште од гра­дин­ка, ка­де што со­од­вет­но ќе се де­те­кти­ра­ат де­ца­та кои има­ат раз­во­ен проб­лем/те­шко­ти­ја и на­вре­ме­но со ра­на ин­тер­вен­ци­ја и де­тек­ци­ја ќе поч­нат со со­од­вет­ни де­фе­кто­ло­шки и ло­го­пед­ски трет­ма­ни. Ка­ко ре­зул­тат на зго­ле­му­ва­ње­то на све­ста за ли­ца­та со по­себ­ни по­тре­би, во на­ше­то оп­штес­тво се отво­ра­ат но­ви цен­три за де­ца со ау­ти­сти­чен спе­ктар на на­ру­шу­ва­ња, цен­три за сен­зор­ни трет­ма­ни, цен­три за спе­ци­јал­на еду­ка­ци­ја и ре­ха­би­ли­та­ци­ја, цен­три за со­ве­то­дав­на ра­бо­та за дис­ле­кси­ја и дру­ги на­ру­ше­ни раз­вој­ни со­стој­би.

 

Да­ли тре­ба да би­дат из­ло­же­ни де­ца­та на но­ва­та тех­но­ло­ги­ја и кол­ку?

НЕВ­ЧЕВ­СКА-СТАН­КО­СКА: Ду­ри и ос­но­ва­чот на „Епл“ по­ста­вил гра­ни­ца. Стив Џобс не им доз­во­лу­вал на сво­и­те де­ца да рас­тат со мо­дер­ни­те уре­ди и на­ви­сти­на имал при­чи­на за тоа. Спо­ред ед­но истра­жу­ва­ње на­пра­ве­но во 2013 го­ди­на, 38 про­цен­ти од де­ца­та во САД на во­зраст по­ма­ла од две го­ди­ни ве­ќе ко­ри­стат мо­би­лен те­ле­фон и таб­лет. Со дру­ги збо­ро­ви, бе­би­ња­та ко­ри­стат таб­ле­ти уште пред да поч­нат да раз­ви­ва­ат го­вор. Но, вли­ја­ни­е­то на тех­но­ло­ги­ја­та врз се­мејс­тва­та ка­ко да ја скр­ши по­стој­на­та ос­но­ва и пре­диз­ви­ку­ва рас­па­ѓа­ње на ос­нов­ни­те вред­но­сти кои ги др­жеа чле­но­ви­те за­ед­но. Со ме­ха­нич­ки­от круг – учи­ли­ште, ра­бо­та, до­ма и оп­штес­тве­ни на­ста­ни – ро­ди­те­ли­те се пот­пи­ра­ат на мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја, ин­фор­ма­ци­и­те што ги ну­ди, со цел сво­и­те жи­во­ти да ги на­пра­ват по­ин­те­рес­ни и по­е­фи­кас­ни. Тоа што де­ца­та се пот­пи­ра­ат на мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја за по­го­ле­ми­от дел од нив­на­та игра зна­чи гру­бо огра­ни­чу­ва­ње и гу­бе­ње на пре­диз­ви­ци­те за нив­на­та кре­а­тив­ност и има­ги­на­ци­ја, ка­ко и огра­ни­чу­ва­ње на по­треб­ни­те пре­диз­ви­ци за нив­ни­те те­ла, од­нос­но да се по­стиг­не оп­ти­ма­лен сен­зо­рен и мо­то­рен раз­вој. На­ши­те ве­ќе комп­ју­те­ри­зи­ра­ни де­ца ко­га трг­ну­ва­ат во учи­ли­ште се со­о­чу­ва­ат со сѐ по­го­ле­ми те­шко­тии, тие се бо­рат са­ми со се­бе за да по­стиг­нат одре­де­но вни­ма­ние, кон­цен­тра­ци­ја, истрај­ност, упор­ност за да на­у­чат но­ви ве­шти­ни за на кра­јот тоа да ста­не зна­ча­ен проб­лем, пред сѐ, за де­те­то, оста­на­ти­те уче­ни­ци, ка­ко и за на­став­ни­ци­те.

Вли­ја­ни­е­то на тех­но­ло­ги­ја­та врз раз­во­јот на де­те­то бе­ле­жи го­ле­ми на­ру­шу­ва­ња во од­нос на фи­зич­ки­от и пси­хич­ки­от раз­вој, ка­ко и од­не­су­ва­ње­то на де­те­то. Пос­ле­ди­ци­те на си­те овие на­ру­шу­ва­ња се сог­ле­ду­ва­ат во здрав­стве­ни­от и во обра­зов­ни­от си­стем, од­нос­но де­бе­ли­на­та и ди­ја­бе­те­сот ве­ќе се на­ци­о­нал­ни епи­де­мии во Ка­на­да и во САД. Ди­јаг­но­зи на АДХД, ау­ти­зам и ау­ти­сти­чен спе­ктар на на­ру­шу­ва­ња, доц­не­ње во раз­во­јот, не­раз­бир­лив го­вор, те­шко­тии во уче­ње­то, на­ру­шу­ва­ња во обра­бо­тка­та на сен­зор­ни­те ин­фор­ма­ции и сти­му­ла­ции, ан­кси­оз­ност, де­пре­си­ја и на­ру­шу­ва­ња во спи­е­ње­то се по­вр­зу­ва­ат со пре­ку­мер­на упо­тре­ба на мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја и, за жал, овој тренд се зго­ле­му­ва со алар­мант­на стап­ка и кај нас.

Maja-Nevcevska-Stankoska-zdr208-2

Но, ед­но­став­но, тоа не мо­же да се пре­се­че, па што е по­треб­но, што да се пре­зе­ме за да има не­ка­ков ба­ланс?

НЕВ­ЧЕВ­СКА-СТАН­КО­СКА: По­треб­ни се че­ти­ри ос­нов­ни фа­кто­ри за да се по­стиг­не здрав раз­вој на ед­но де­те, а тоа се: дви­же­ње, до­пир, ин­те­рак­ци­ја со лу­ѓе и пре­стој во при­ро­да.

Овие ти­по­ви сен­зор­ни вле­зо­ви ќе му обез­бе­дат здрав раз­вој на де­те­то, пра­вил­но др­же­ње на те­ло­то, би­ла­те­рал­на ко­ор­ди­на­ци­ја, оп­ти­мал­ни воз­буд­ли­ви со­стој­би и са­мо­ре­гу­ла­ци­ја, кои се не­оп­ход­ни за по­стиг­ну­ва­ње еле­мен­тар­ни ве­шти­ни по­треб­ни за евен­ту­ал­но трг­ну­ва­ње на учи­ли­ште. На при­мер, ма­ли­те де­ца има­ат по­тре­ба од 2-3 ча­са днев­но на актив­ни, „гру­би“ и игри на бр­ка­ни­ци и без­ре­дие за да се по­стиг­не со­од­вет­на сен­зор­на сти­му­ла­ци­ја на нив­ни­от ве­сти­бу­ла­рен, про­при­о­ре­цеп­ти­вен и та­кти­лен си­стем. Та­ктил­на сти­му­ла­ци­ја се до­би­ва пре­ку до­пи­ра­ње, пре­гр­ну­ва­ње, кои се од су­штин­ско зна­че­ње за раз­вој на пра­кти­ка­та и во­ле­ви­те дви­же­ња на де­ца­та. До­пи­рот, исто та­ка, го акти­ви­ра па­ра­сим­па­тич­ни­от си­стем за на­ма­лу­ва­ње на хор­мо­нот кор­ти­зол, адре­на­ли­нот, со што се на­ма­лу­ва и ан­кси­оз­на­та со­стој­ба на де­те­то. При­ро­да­та и зе­ле­ни­от про­стор не са­мо што има­ат сми­ру­вач­ко вли­ја­ние врз де­ца­та ту­ку и ги по­ма­га­ат вни­ма­ни­е­то и уче­ње­то.

Се сме­та де­ка ве­сти­бу­лар­ни­от, про­при­о­ре­цеп­тив­ни­от, та­ктил­ни­от и оста­на­ти­те по­вр­за­ни си­сте­ми, ви­зу­ел­ни­те и ау­ди­тив­ни­те, по­сто­ја­но се пре­оп­то­ва­ре­ни по­ра­ди број­ни­те сти­му­ла­ции кои де­те­то ги при­ма до­де­ка е по­сто­ја­но пред те­ле­ви­зор, таб­лет или пред мо­би­лен те­ле­фон и не мо­же да ги ка­на­ли­зи­ра, од­нос­но да ги вос­при­ми и обра­бо­ти.

Оваа сен­зор­на не­рам­но­те­жа соз­да­ва огром­ни проб­ле­ми во це­ло­куп­ни­от не­вро­ло­шки раз­вој, во од­нос на ана­то­ми­ја­та на мо­зо­кот, би­о­хе­ми­ски­те про­це­си, сѐ до­де­ка мо­зо­кот оста­не трај­но про­ме­нет и оште­тен.

 

А што е со на­силс­тво­то?

НЕВ­ЧЕВ­СКА-СТАН­КО­СКА: Ма­ли­те де­ца се из­ло­же­ни на на­силс­тво пре­ку те­ле­ви­зи­ја и ви­де­о­и­гри во ви­со­ка со­стој­ба на адре­на­лин и стрес, а те­ло­то не знае де­ка тоа што го гле­да не е ре­ал­но. Кај де­ца­та што ја зло­у­по­тре­бу­ва­ат мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја, со пре­ку­мер­но гле­да­ње и ко­ри­сте­ње, се за­бе­ле­жу­ва­ат одре­де­ни сен­за­ции на те­ло­то, од­нос­но тре­пе­ре­ње, за­бр­за­но ди­ше­ње, та­хи­кар­ди­ја и ан­кси­оз­на со­стој­ба. Таа со­стој­ба се на­ре­ку­ва хи­пер­ви­га­лен­тен сен­зо­рен си­стем, кој е во со­стој­ба на го­тов­ност за сле­ден на­пад.

Сѐ уште не се поз­на­ти пос­ле­ди­ци­те од оваа со­стој­ба, но поз­на­то е де­ка хро­нич­ни­от стрес го ос­ла­бу­ва иму­но­ло­шки­от си­стем кај во­зра­сен чо­век и ре­зул­ти­ра со се­ри­оз­ни бо­ле­сти и на­ру­шу­ва­ња. Ни­кој не мо­же да ги одре­че при­до­би­вки­те од мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја во де­неш­ни­от свет, но по­вр­зу­ва­ње­то со овие уре­ди мо­же да ги пре­ки­не вр­ски­те со нај­важ­ни­от дел од оп­штес­тво­то, а тоа се де­ца­та.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top