Битолската полиција поднесе кривична пријава за 46-годишната Д.Ј., вработена како воспитувач – дефектолог во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и со други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, за несовесно работење во службата.
Пријавената на 30 април годинава го пропуштила должниот надзор што го имала како воспитувач-дефектолог во Заводот и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања, со што и нанела штета со смртни последици на малолетничката, како резултат на труење со корозивна супстанција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.