| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов: И јас сум против политиката на Турција, но тие ни се соседи

И јас сум против политиката на Турција, но тие ни се соседи, тие ни се границите, а оваа година на границата имаме помал притисок отколку претходните години, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за бугарската телевизија БТВ.

-Сигурно и 100 отсто од луѓето се незадоволни од Турција, но доколку им поставиме две прашања на овие луѓе, едното е дали сакаме војна со Турција? Веќе имаме ограда – ако дојдат стотици илјади луѓе на оваа ограда, ќе издржи ли? Ќе пукаме ли на овие луѓе? Тогаш ќе дојдат невладини организации и ќе треба да ги пуштиме да преминат- рекол бугарскиот премиер.

Според него турските колеги сметаат дека со години можат издржуваат и хранат над три милиони бегалци, а до овој момент Европа им дала ништожни пари.

-И јас сакам, доколку е можно, Австрија, Германија и Франција да ми соседи- додал Борисов.

Според бугарскиот премиер на мало растојание до Бугарија, односно на пат од еден ден, се водат вистински воени дејствија од неколку армии.

-Зоната за безбедност треба да е на сириска територија, за бегалците да бидат поблиску до своите родни места, за да можат да се вратат во своите домови. Ако не е таму, таа ќе биде или во Бугарија или во Грција- порачал Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top