
Стотина косовски полицајци со опрема за разбивање на демонстрации се распоредија околу зградите на косовското собрание и Владата во центарот на Приштина, каде денеска околу 11 часот ќе се одржат протести против одлуката за демаркацијата со Црна Гора, кои ги предводи лидерот на Самоопределување, Албин Курти.
Полицијата и припадниците на специјалната косовска полиција со опрема за разбивање на демонстрации, штитови, шлемови и гас маски стојат околу зградата на косовското собрание, јави Танјуг.
КФОР најавил дека еден батаљон на војската ќе биде присутен во центарот на Приштина, затоа што се појавиле информации дека би можело да дојде до немири, јави српски Телеграф.
Ситуацијата засега е мирна, а демонстрантите се уште не почнале да се собораат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово


