Кога Кајл Шварц почнала да предава на третоодделенци во основно училиште во Денвер, размислувала како подобро да ги запознае своите ученици. Им дала задача да ја довршат реченицата „Сакам мојата учителка да знае..“.
Иако добила и комични одговори, Шварц допрела и до учениците кои навистина имале проблем кој сакале да го споделат со неа. Некои од нив ги мачела сиромаштијата, други отсутниот родител, трети други проблеми во семејството.
Одговорите кои ги добила биле просветлувачки, и за неа лично, и за другите наставници, кои преку нејзината иницијативна добиле средство за разбирање на реалноста со која се соочуваат нивните ученици вон школото. #IWishMyTeacherKnew така станал вирален клучен збор, под кој на социјалните мрежи почнале да се слеват одговори на ученици од целиот свет, а кои Шварц ги објавила во форма на книга.
Ова се дел од одговорите, објавени во „Њујорк тајмс“, кои се доказ дека едно вистинско прашање може да направи многу.

Сакам мојата учителка да знае дека сум попаметен одошто таа мисли дека сум

Сакам мојата учителка да знае дека татко ми има две работни места и дека не го гледам често

Сакам мојата учителка да знае дека моето семејство и јас живееме во засолниште

Сакам мојата учителка да знае дека мојот помал брат се плаши и дека сум загрижен што се буди секоја вечер

Сакам мојата учителка да знае дека на мојата мајка може да и биде дијагностициран рак оваа недела и дека останав без дом три пати само оваа година

Сакам мојата учителка да знае дека моите родители се разведени, а јас сум средно дете во семејство со седум деца. Пет од нив се момчиња

Сакам мојата учителка да знае дека сакам да учам повеќе историја

Сакам мојата учителка да знае дека сакам животни и дека би направил се за моите животни. Би сакал да работам во засолниште за да помогнам што повеќе животни да бидат вдомени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


