| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за пороен дожд и грмежи

 Променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи, краткотрајно засилен ветер и појава на град во попладневните часови, најавуваат за денеска од Управата за хидрометеролошки работи.

Претежно нестабилно ќе биде на југот од Македонија. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје претпладне ќе биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Утре се очекува стабилизирање, но ќе има и услови за појава на краткотраен дожд, особено кон југоистокот.

За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top