| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилскиот сенат ја смени претседателката Дилма Русеф

Бразилскиот Сенат ја смени денеска од функција претседателката на државата Дилма Русеф поради кршење на буџетски закони. Со тоа е завршена процедурата за отповикување, што ја поларизираше таа јужноамериканска држава и ја парализираше нејзината политика во изминатите девет месеци. По повеќедневна расправа, со 61 глас „за“ и 20 „против“ сенаторите гласаа за отповикување на Русеф поради незаконско користење пари од државни банки, со цел да поттикне јавни расходи. Досегашниот потпретседател Мишел Темер ќе ја преземе функцијата на Русеф до завршување на нејзиниот мандат во 2018 година. Сенатот, исто така, во одвоено гласање одлучи на Русеф да не и биде забрането да извршува јавни функции. Според бразилски закони, на неа можеше да и биде забрането извршување јавни функции во следните осум години. Русеф (86) е сменета по 13­годишно левичарско владеење во најголемата економија во Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top